Поради загадувањето на воздухот клиниките за детски болести и белодробни заболувања се полнат со пациенти

Загадениот воздух ги погоди и најмалите и најстарите. Клиниките полни, пацинтите болни. И лекарите се вклучија во иницијативата што поскоро да се реши проблемот со загадувањето. 

Поради загадувањето на воздухот клиниките за детски болести и белодробни заболувања се полнат со пациенти. По 100 деца дневно завршуваат во болницата на Козле поради респираторните проблеми. Од таму велат дека најмалиот пациент кој е хоспитализиран е бебе старо месец дена. 

Од Универзитетската клиниката за детски болести пак посочуваат дека неопходна е студија на ниво на Македонија која ќе даде појасна слика за тоа како загадувањето влијае врз здравјето, одобено на децата. Од таму велат дека бројот на најмалите пациенти не отстапува од вообичаениот, за овој период од годината.

Во предизборната кампања од тогашната опозиција велеа дека имаат план за делување. Тогаш проблемот со аерозагадувањето беше туѓа вина, и не беше нерешлив.