Поради високите температури, зголемен бројот на повици во Брза помош

Зголемен е бројот на повици на граѓани кои поради проблеми со здравјето побарале итна медицинска помош.

Особено зголемен бројот на повици е кога дневната температура нагло расте како и што е и последниве денови.

Најголем дел од граѓаните се јавуваат поради акутни фебрилни инфекции, а има и зголемен број на пациенти со проливи и повраќања. Медицинска помош бараат и хронично болните и тие со висок и низок притисок. Воедно поради високите температури и неконсумирање на доволно течности имаме и доста граѓани кои доживуваат колапс.

Се советуваат граѓаните да избегнуваат движење надвор во периодот од 12 до 17 часот, да консумираат што повеќе вода и течности и лесна храна богата со овошје и зеленчук.