Поради ниските пролетни температури дел од овошките ќе ги плаќаме дупло

Лошите временски услови овој април најмногу штета им нанесоа на бобинките, но ќе страдаат и јагодите и кајсиите. 

Во оние области каде вегетацијата доцни, каде што сега почнува цветањето штетата ќе биде помала, додека во рамничарските предели каде што вегетацијата веќе цвета, штетата ќе биде значајно поголема. Во овој момент никој не може да знае колкава ќе биде штетата. 

Најмногу ќе страдаат малините, капините, боровинките, јагодите, црешите и кајсиите, но ако продолжат вакви временски услови, на тезгите на пазарите ќе фалат многу повеќе овошја и зеленчук, а тоа секако ќе значи повисоки цени за потрошувачите.

Во секој случај, приносите ќе бидат драстично намалени, а тоа сигурно ќе влијае на цената на овие овошја. Во моментов најважно е да се стимулираат мерките за заштита и превентивно да се делува, за колку што е можно повеќе да се намалат штетите.