Поради нерасчистени долгови скопјанец со ножици го прободел соработникот

Вчера околу 13.00 часот во Скопје, во просториите на една приватна фирма дошло лицето Ф.Ш. (35) од село Љубин, скопско, претставник на друга приватна фирма по што настанала расправија помеѓу него и вработениот Д.А. (54) од Скопје.

Причина за расправијата биле нерасчистени должнички односи помеѓу двете горенаведени фирми. Во еден момент Ф.Ш. земал ножици и го нападнал Д.А., нанесувајќи му неколку убодни рани во пределот на грбот и вратот.

Од страна на друг вработен Ф.Ш. бил спречен да продолжи со нападот, бил совладан и задржан до доаѓање на полициски службеници. После тоа бил приведен во Полициската станица во Центар.

Со возило на Итна медицинска помош Д.А. бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди, по што е задржан на понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.