Поради лошите временски услови можно е да доцни испораката на огревното дрво, велат од Македонски шуми

Со испораката на огревно дрва може да се доцни до најмногу десетина дена,  ако евентуално дојде до влошување на временските услови поради што би можело да се отежни спуштањето од планините во складовите, велат од Македонски шуми.

Од претпријатието уверуваат дека сите домаќинства и правни субјекти ќе ги добијат до средината на октомври. Во некои помали градови во земјава целосно е завршена доставата. Во местата каде што ќе се забележи вишок на огревно дрво , ако има потреба тоа ќе биде донесено во Скопје.

Од претпријатието велат дека изминатиов период преку акција,  упеале да спречат бесправна сеча на 1.000 метри кубни просторно дрво во Крушево.

Повикот за  пријавување за огревно дрво беше објавен лани во декември и траеше до 31 март. Во овој период  сите кои го користат имаа обврска да поднесат барање.

Кубик даб чини 2.780 денари, а кубик бука 2. 680 денари.

Според статистиките во Македонија 230 илјади домаќинства за затоплување на домовите користат огревно дрво. Најголем дел од нарачаните  количини се во Скопје, каде околу 100 илјади домаќинства го употребуваат.