Поради асфалтирање на улица “Втора Македонска Бригада”, променет режим на сообраќај низ Чаир

Променет ќе биде режимот на сообраќај низ Чаир.

Поради изведување на работите за асфалтирање на улица “Втора Македонска Бригада” затворена за сообраќај ќе биде патната зона од кружниот тек во близина на Средното училиште “Зеф Љуш Марку” до раскрсницата на улица “Кемал Сејфула” и ќе се имплементира променет режим на сообраќај до завршување на работите.

Истотака, затворени ќе бидат влезовите на улиците “Дижонска”, “Гоце Стојчевски”, “Ресенска” и “Павле Илиќ” од делот на улицата “Втора Македонска Бригада” каде што се изведуваат работите.