Попладнево презентација за Центарот за обука за пилоти во АРМ

Попладнево ќе се одржи презентација во врска со обуката за пилоти и Центарот за обука на пилоти во домот на АРМ. а

На обукаа ќе присуствува и директорот на Центарот, Јаари Шрага, инстркторите кои ја водат обуката, завршени кадети и кандидати кои во моментов ја посетуваат обуката. 

-Сите оние кои се заинтересирани, потенцијални кандидати и кои ги исполнуваат условите согласно Конкурсот ќе имаат можност да поразговараат и да се информираат за процесот на обука и се она што ги интересира во однос на професијата пилот и идниот ангажман како пилоти во Армијата на Република Македонија, се вели во соопштението од Министерството за одбрана. 

Настанот е со почеток од 12 часот, а ќе се одржи во просториите на Домот на АРМ.