Поништувањата и менувањата на ДУП-овите се трошок од 1 милијарда евра за нашата економија

Поради укинувањето на Деталните урбанистички планови, стопанството губи една милијарда евра. Инвеститорите бараат од институциите и општините да ги почитуваат законите. поред нив, со укинување на ДУП-овите се праќа лоша порака до бизнис заедницата.

-По гласањето на ДУП-от и давање дозвола за градба, општините немаат право да ни попречуваат во градбата или инвестицијата. Не е целта да добиваме обештетеување, целта е да ја развиваме економијата, да вработуваме луѓе и да придонесуваме за нашата држава, вели инвеститорот Фатмир Етеми.

Инвеститор во Карпош тврди дека ги доставил сите документи и ги платил комуналиите, но не добил дозвола за градба. Еден месец потоа бил укинат и ДУП-от.

-Со плаќањето на комуналите се завршуваат сите процедури и постапки и за пет дена градоначалникот на општина Карпош има законска обврска да издаде градежна дозвола. Во мојот случај тоа не се случи. Јас за пет дена не добив, не за пет дена, не добив за месец дена, а сите мои обврски со плаќањето на комуналиите се завршени, вели инвеститорот Ниху Алиу.

Инвеститорите предупредуваат дека на овој начин градежништвото дополнително ќе тоне. Со тоа ќе се зголемат и цените на становите, што ќе биде на штета на граѓаните.