Поништете ја лошата љубовна карма во три чекори!

Зошто се чини дека некои луѓе секогаш имаат среќа во љубовта, додека другите привлекуваат негативни љубовни искуства едно по друго? Дали е тоа само случајност? Од перспективата на реинкарнацијата и кармата не постои случајност – се се случува со причина. Ја доживуваме љубовната среќа или несреќа поради нашата љубовна карма.

Што е љубовна карма?

Тоа е резултат на нечии постапки во минатото, од овој или од минатите животи, без оглед на тоа дали личноста се сеќава или верува во минати животи. Некој со добра љубовна карма можеби во минатиот живот влегувал во односите со интегритет, љубов и сочувство.

Некој со лоша љубовна карма можеби во минатиот живот делувал нечесно, себично, љубоморно или алчно. Но, пред да почнете да се чувствувате виновни за која било лоша љубовна карма, важно е да сфатите дека сите сме биле и добри и лоши во претходните животи. Можно е да имате лоша љубовна карма поради вината или лутината иако не сте направиле ништо лошо.

Дали е можно да се поништи лошата љубовна карма?

Да, со откривањето и отпуштањето на коренот, без оглед на тоа дали се случило пред една недела или пред 2000 години. Тоа ќе ви помогне да стекнете свест и разбирање, а тоа ќе води кон простување: клучот за ослободување од минатото.

Претворете ја вашата лоша љубовна среќа во среќен љубовен живот (и постигнете други лични цели) во овие три чекори:

Откријте ги своите блокади и ослободете се од нив

Еден од најкорисните начини за откривање и ослободување од коренот на која било несреќа е медитација.

Делува дури и на оние кои не веруваат во реинкарнација. Едноставно, насочувањето на вниманието, реално или симболички, на одамна заборавените кармички причини за каква и да било неостварена љубов или животно искуство, може да биде доволно засекогаш да се прекине негативниот шаблон.

Простете си себеси и на сите други кои се вклучени во коренот на причината

Кога им простувате на другите – тоа е за ваше добро. Законот на кармата не дозволува луѓето да поминуваат неказнето. Вината или лутината, за кои не сме секогаш свесни, ги саботираат нашите љубовни животи.

Делувајте на вистинскиот начин и во вистинското време

Дознајте како да ги следите своите  лични љубовни циклуси. Целиот наш љубовен живот е следен од предвидливи циклуси кои можат точно да бидат опишани со метафизички познавања на нумеричките анализи, која не ги предизвикува циклусите, но сепак претставуваат нивни симболи. Таа свест може да ви помогне да бидете подготвени и да скокнете на брановите на можностите наместо да ве потопат.

Кога ќе стекнете повеќе свест за себе и своите односи, ќе бидете во можност да живеете и да реагирате со помалку страв и повеќе љубов, да направите подобар избор во љубовта и животот, да ги организирате вашите напори во зависност од среќата и складноста на љубовниот живот и на крај да го живеете љубовниот живот кој цел живот сте го посакувале.

Повеќето од нас се сосредоточуваат на физичките, менталните и емоционалните аспекти на односите, но малкумина од нас знаат како да ја истражат и поправат духовната страна. Овој недостаток на свест и рамнотежа води кон очекувања која создава болка во срцето и нескладност.

Самите можете да го подобрите својот љубовен живот и сите одговори се веќе во вас. Регресијата од претходните животи и медитацијата ќе ви помогнат да стекнете свест и рамнотежа која ќе ви помогне да се ослободите од непотребното и да посакате среќен нов почеток.