Сместувачките и угоистителските капацитети на Пониква викендов беа максимално искористени и исполнети. Викендов можеа да се забележат возила со регистарски ознаки на градови и од Западна Македонија, а најмногу од Скопје.
Една од главните причини за тоа беше снегот што падна изминатата недела и кој донесе голем број посетители во планинскиот рекреативен центар. Тоа им овозможи да уживаат во прекрасната зимска идила.
Гости имаше и од Кочани, но и од други градови од регионот и пошироко. Помладите и повозрасните беа задоволни што конечно имаат можност да уживаат во вистинскиот зимски пејсаж.
Освен во сопствена режија, дел од посетелите на Пониква имаат и организиран престој во некој од сместувачките капацитети. Најмладите се задоволни што освен класичното зимување имаат можност и да научат да скијаат.
Пониква на преубавите Осоговски Планини, од сезона на сезона станува се побарана и поатрактивна за љубителите на зимскиот туризам од целата наша земја.
Радува фактот што се повеќе посетители ја бараат Пониква како туристичка дестинација и како еден од најубавите спортско-рекреативни центри во Македонија.
Еве какво беше на Пониква викендов.