Понекогаш треба да оставиш другите да се борат за тебе...

Понекогаш човек мора да биде силен за себеси. 

Мораш да знаеш дека си добра личност и добар пријател. 

Она што требало да биде, ќе заврши добро, она што не требало да биде – нема. 

За љубов вреди да се бориш, но понекогаш не можеш да го правиш тоа. 

Одвреме-навреме, луѓето треба да се борат за тебе. 

Ако не го направат тоа, само треба да продолжиш понатаму и да сфатиш дека она што си им го дал е повеќе отколку што тие биле подготвени да дадат.

Понекогаш луѓето ќе ја препознаат вистинската работа и нема да дозволат да изгубат нешто вистинско. 

Труди се секогаш да се бориш, сѐ додека повеќе не можеш да се бориш, а потоа дозволи другите да се борат за тебе.