Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека согласно со Законот за празниците на Македонија 25 декември, понеделник, првиот ден на Божиќ е неработен ден за граѓаните од католичка вероисповед во Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од католичка вероисповед во Република Македонија им го честита празникот Божиќ.