Помош за стари, болни и изнемоштени во Ѓорче Петров

Во соработка со Црвен крст испраќаме мобилни екипи на терен за помош и поддршка на стари, изнемоштени, хронично болни, семејства со лица со посебни потреби, самохрани родители и други ранливи категории на граѓани кои живеат во Ѓорче Петров.

Нивната задача ќе биде додека трае состојбата со корона вирусот да извршат неопходна набавка на лекови, прехранбени производи и средства за лична хигиена и истите да ги достават до домовите на овие лица секој работен ден од 8:30 до 12:30 часот.

Телефони за контакт: 070/226136 02/3068-806
Тим за бездомни лица: 02/3096-227