Поминав години трудејќи се да бидам слаба, на крајот сфатив дека важно е да сум само здрава

Не сум слаба личност. Веројатно многумина не би ни рекле дека сум дебела, но јас секогаш чувствував дека имам вишок килограми. Со години се трудев да спроведам различни диети и да ослабам, но тоа иако вродуваше со плод, на крајот ја враќав истат телесна тежина.

Поради тоа, многу мажи ме гледаа само како пријателка, но не и како девојка со која би биле во врска. Во семејството бев секогаш нарекувана буцката.  Не беа свесни колку ми пречи тоа  и никогаш не престанаа. Поминав многу вечери читајќи или гледајќи филмови, мислејќи дека сум предебела и дека никој нема да ме сака.

Со тек на време, престанав да јадам благо и да пијам газирани пијалоци и поминував многу време во теретана. Сето тоа ме фрустрираше бидејќи не даваше некакви конкретни резултати. Со тек на време, престанав да се грижам. Но, како што поминуваа дваесетите години и навлегував во триесетата, сфатив дека ми е потребна нова цел: да имам повеќе енергија, но и да имам подобро тело.

Повторно почнував да јадам поинаку. Ги подготвував оброците ден претходно, јадев повеќе зеленчук и овошје и пиев само вода и зелен чај. Потоа, дојдоа новогодишните и божиќните празници и повторно заборавив на тоа. Пак, продолжив да се хранам лошо.Се до еден ден на работа, кога се почувстував многу лошо и немав енергија во текот на целата недела.

На крајот сфатив, дека не треба да ослабам, туку едносавно да се трудам да јадам поздраво. Веќе не ми беше толку многу важно како изгледам, туку како се чувствувам. Сакав да бидам здрава, а не слаба.

Почнав да избирам поздрава и поквалитетна храна, но и да вежбам вежби кои ми помагаат да се чувствувам подобро по напорниот ден, а не ме истоштуваат до лошење. Тоа ми помогна да имам подобро физичко, но и ментално здравје.

Навистина, на крајот на денот, најважно е како се чувствуваш, а не како изгледаш.

Air Max 90 SACAI