Положени цвеќиња на партизанските гробишта во Бутел

На партизанските гробишта во Бутел денеска беше положено цвеќе.

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, претседателот на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева  и секретарот на Град Скопје, Викторија Аврамовска Мадиќ,  ги предводеа  делегациите  коишто денеска положија цвеќиња пред Споменикот на ослободителите на градот Скопје на Партизанските гробишта „Бутел“ и пред споменикот на генерал Михајло  Апостолски на градските гробишта „Бутел“.

На гробиштата во Бутел цвеќиња положија и Делегација на Градскиот одбор на Сојузот на борците од народноослободителната антифашистичка војна – Скопје; делегација на Град Скопје; делегација од Кабинетот на претседателот на Република Македонија; делегација од Собранието на Република Македонија; делегација од Владата на Република Македонија; делегација од Министерството за одбрана на Република Македонија; делегација на Генералштаб на АРМ; делегации од Општините на Град Скопје; делегации од јавните претпријатија и јавни културни установи на Град Скопје; делегација на Црвен крст на град Скопје, како и делегации на дипломатскиот кор, граѓани и институции.