Половина Скопје утре без струја

Без струја утре во периодот од 9 до 12 часот ќе бидат корисниците од булевар АСНОМ број 94, 98 и 104 и помалите објекти во близина, во Општина Аеродром.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот е поради закажани технички зафати во системот.

Од 13 до 14:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Стојан Стојановски“, во Општина Кисела Вода, а од 10 до 14 часот корисниците од булевар „Тодор Александров“ и дел од корисниците од улиците „Периша Савељиќ“ и „Тасино Чешмиче“, во Општина Центар.

Без струја од 9 до 10 часот ќе бидат корисниците од Универзитетот за туризам и менаџмент, во Општина Карпош, додека од 8:30 до 13 часот корисниците од улица „Пандил Шишков“, во Општина Аеродром.
Во периодот од 8 до 18 часот без струја ќе останат корисниците од булевар „Партизански Одреди“ број 75 влез 2, а 9 до 15:30 часот корисниците од улица „Будимпештанска“ со броевите 9А, 9Б, 11А, 11Б, 23А, 25 и 27А, и корисниците од улица „Урош Џудовиќ“ со броевите 2А И 2Б, во Општина Карпош.

Без струја од 9 до 14 часот ќе бидат и корисниците од дел од улица „Алекса Демниевски“ во Општина Ѓорче Петров, а во периодот од 9 до 11:30 часот корисниците од улица „Михаил Чаков“, станицата за Технички преглед и корисниците од булевар „Борис Трајковски“, во Општина Кисела Вода.

Од 8:30 до 14 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улица „Лазар Димитров“, во Општина Кисела Вода, а од 10 до 11 часот корисниците од улица „Разловечко  Востание“ број 14 влез 3, во Општина Карпош.
Без електрична енергија од 9 до 14 часот ќе бидат корисниците од дел од улица „Леринска“ и улиците „Крчин“, „Милан Марковиќ“ и „Загрепска“, во Општина Карпош, а во периодот од 8 до 15 часот корисниците од дел од улица „Трајко Бошковски“, во Општина Ѓорче Петров.

Од 12 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од маркетите и продавниците во дел од булевр „Србија“, пумпите на ЈП „Водовод и канализација“ на булевар „Србија“,  училиштето „Владо Тасевски“ и објектите околу училиштето, и корисниците од булевар „3 Македонска бригада“ околу училиштето, а во периодот од 12:00 до 15:00 часот корисниците од булевар АСНОМ со броевите 50, 52, 54 и 56 и околината, во Општина Аеродром.