Полов напад врз малолетно лице во населбата Кисела Вода

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера околу 10.00 часот, Љ.К. од Скопје пријавила дека на 25.06.2017 година во вечерните часови врз нејзиниот 16-годишен син бил извршен полов напад од непознато машко лице.

Според информациите полицијата, непознатото лице го фатило детето и го однело позади основното училиште „Круме Кепески“, каде го извршил делото.

Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот.