Пољак го фотографирал армискиот полигон „Криволак“

На 15.08.2019 во 10,00 часот на излез од капијата на армискиот полигон „Криволак“-Неготино, сопрен бил полскиот државјанин Х.Л.Р.(54). По извршените проверки и преглед кај истиот биле пронајдени слики од воениот објект. Во 12,30 часот по наредба на Јавен обвинител од полициски службеници од Полициската станица Неготино, лицето било приведено и задржано за понатамошна постапка.