Полициска акција во „Интермецо“, се апселе наркодилери

Полициска акција била спроведена синоќа во кафе бар „Интермецо“ во скопската населба Капиштец, во која се апселе наркодилери.

Според досегашните информации, припадници на единицата „Алфи“ вршеле претрес на кафулето, при што кај едно лице била пронајдена дрога, која наводно била на масата. Засега нема информации за колку луѓе биле уапсени.

По акцијата, кафулето продолжило нормално да работи.