Полицијата во потрага по две исчезнати лица од Скопје - двајцата по 18 години

Во Скопје две лица, пријавено за исчезнати.

Вчера во 19,00 часот во Полициска станица Гази Баба, социјален работник во ЈЗУ “Ранка Милановиќ“ пријавила дека на 20.01.2018 година 18- годишен С.Р штитеник од домот самоволно ја напуштила установата и се одалечила во непознат правец.

На истиот ден, но нешто подоцна, во Полициска станица Бит Пазар 63- годишниот А.А пријавил дека претходниот ден околу 21 часот и 15 минути од дома во непознат правец се одалечил неговиот син 18- годишниот С.А.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.