Полицијата влезе во фирмите на советникот Нефи Усеини

Во текот на денот полицијата врши проверка во фирма сопственост на охридскиот советник Нефи Усеини, објави телевизија Телма.

Од полицијата и од МВР не даваат детали ниту официјални информации.

Според сознанијата на Телма, се вршат проверки во базата за бетон, која е сопственост на Усеини, а се наоѓа во близина на болницата „Свети Еразмо“. Овие проверки биле дел од претходно отворена постапка за фирмата. Акцијата ја воделе инспектори за економски криминал од СВР Охрид.

Нефи Усеини е советник во општина Охрид кој стана познат откако изгради тераса пред локал во заштитеното подрачје на Охрид. Терасата беше прогласена за дивоградба и беше наложено уривање, но таа одлука на локалните власти не беше реализирана.