Полицијата уапси младо момче од Сарај

Во текот на вчерашниот ден во 17 часот и 55 минути во Полициска станица Табановце, на влез во Република Македонија од страна на полициски службеник лишен е од слобода 28-годишниот М.Р. од селото Сарај-Скопје, затоа што при проверка утврдено е дека бил евидентиран  на СТОП Листа за издржување казна затвор во траење од еден месец и три дена за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Во 19 часот и 35 минути со потврда за предавање на лице, лицето е предадено на Секторот за внатрешни работи Куманово за понатамошна постапка.