Полицијата тресе во скопски Чаир, откриени арсенали со оружје

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.А. (40) и Х.Б. (50), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материјали“.

На 5.овој месец полициски службеници извршиле претрес во подрумски простории на улица „Вуковарска“, каде пријавените неовластено складирале и чувале 32 гранати калибар 40 мм, две рачни бомби, една запалка за бомба, 10 куршуми калибар 7,62 мм и 25 куршуми маневарска муниција.

На 16.овој месец извршен е претрес во домовите на пријавените каде се пронајдени и одземени четири куршуми непознат калибар, цевка од пиштол и ударна игла.

Од страна на судија на претходна постапка на двајцата изречена им е мерка притвор во траење од 30 дена. Х.Б. е во бегство.