Познат идентитетот на човекот кој го усмрти Тоше Коцев - партија карти заврши трагично

Полицијата излезе со детали за убиството во Велес, кое ја потресе цела Македонија. Имено, во 14 часот и 15 минути С.И. од Велес се јавила во полиција и пријавила дека од соседната куќа лоцирана на улицата „Васил Ѓоргов“, слушнала неколку истрели од огнено оружје.

Полициски службеници од полицијата во Велес излегле веднаш на местото на настанот по пријавата и го затекнале 31-годишниот Б.Ш.  од Велес со пиштол во рацете. До неговите нозе лежел 43-годишниот Т.К.исто така од Велес. Полициските службеници му го одзеле пиштолот на  насилникот и истиот бил приведен во полиција, додека Т.К со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентно одделение при Општа болница Велес, каде му биле констатирани прострелни рани во долниот дел од телото и каде истиот во 15 часот и 55 минути за жал починал.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител, екипа од СВР Велес и екипа на Судска Медицина Скопје. Притоа биле подигнати материјални докази од местото. По Наредба на Јавен обвинител телото ќе биде предадено на обдукција.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Во меѓувреме додека трае истрагата, насилникот е задржан во полиција.