Полицијата се подготвува за попладневните протести

На социјалните медиуми се појавија слики од припадниците на полицијата кои се подготвуваат за најавените протести во попладневните часови.  Веќе познато, низ градот изминативе повеќе од недела дена се одржуваат протести чиви организатори се најразлични граѓански и невладини здруженија. Она што денешниот го прави посебен, два најавени протести на исто место и време на две спротивставени фракции.

Зголемено полициско обезбедување во градот е забележливо во текот на целиот ден изминативе денови, а сликата која кружи по фејсбук шпекулира на внесување на оружје во зградата на МРТВ. Највисоката зграда во Центар од која се пружа одличен поглед на поголем дел од централното подрачје често при одржување на настани од висок ризик ја обезбедуваат снајперски тимови на МВР. Денешните настани, официјално не се проценети како настан од висок ризик, бидејќи се работи за организирани и најавени мирни протести. Сепак, скопјани се свесни дека во пракса ситуацијата е сосема поинаква, за што сведочи огромното присуство на полицијата на секоја поголема раскрсница во градот.

Од МВР велат дека она што се гледа на извесната фотографија е дел од процедурата на полицијата за обезбедување на транспорт на опасни затвореници до судот. Конкретно се работи за судење поврзано со кумановските настани и дека зградата на МРТВ нема врска со најавените протести. Оружјето и бројноста на полицијата е во рамки на процедурата предвидена и нема место за паника.