Полицијата приведе вработени во УБК со дрога, кои се службениците - шверцери?

Владо Петрушевски и Дино Гоцев се полициски службеници кои полицијата вчера ги приведе со марихуана во своите возила, пренесува ohridsky.mk

Според информациите од полицискиот билтен на ден 17.07.2019 година околу 18.20 часот на ул.„Козле“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на лицата В.П. (28) и Д.Г. (26), двајцата од Скопје,вработени во УБК, кои биле со патничко возило „Опел корса“.

При преглед на лицата и возилото била пронајдена и одземена марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот со соодветен поднесок известено е ОЈО Скопје.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против вработените во УБК поведе постапка за утврдување на дисциплинска одговорност, информираше денес Министерството за внатрешни работи.