Полицијата приведе препродавач на карти за Супер Купот

Полицијата приведе 41-годишен скопјанец - препродавач на билети за Супер куп.

Тој нудел, рекламирал и се обидел преку интернет огласувачите да продаде две карти за Супер куп за сума од 600-тини евра. Оставил телефонски контакт и име што било доволно полицијата да изврши претрес во неговиот дом, да ги најде билетите и да го приведе лицето.

Одземен му е компјутерот, телефонот и сим-картичката како докази во постапката. Според новите измени на кривичниот законик донесени поради Супер купот препродажбата на билети построго се санкционира и за тоа дело е предвидена парична казна или затворска казна до една година.