Се сеќавате ли кога легендарното Фиќо беше дел од полицијата и кога ги бркаше најголемите криминалци?

Некогаш полицијата криминалците ги бркала токму со легендарното фиќо, кое било службен автомобил на југословенската полиција. Иако немало напредна технологија како следење сигнали и камери, злосторниците многу лесно биле наоѓани.

На старите лични карти на дното од првата лева и втората десна страна со црвена боја биле испишани броеви, со чија помош СФРЈ полицајците знаеле дали имате досие во полиција или не.

Имено, тоа во Југославија, пред сѐ на полицијата, па потоа и на другите државни органи на кои граѓаните им ги давале своите лични карти, им било знак со кој си имаат работа.

Фиќото исто така било и службено возило на Брза Помош, на армијата како и на многу други службени институции.

Фиќото тогаш важело за едно од најмодерните возила.