По пријава дека се изнесуваат документи од Општината Карпош и од кабинетот на досегашниот градоначалник, Стевчо Јакимовски полицијата денеска влегла во Општината и извршила претрес, дознава НОВА ТВ од извори во општината.

По завршување на претресот направен бил записник. Од МВР засега не даваат никакви информации за овој настан.

Јакимовски најави прес конференција која треба да започне за десетина минути.