Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, оствари работна средба со раководството на „Македонски железници транспорт“ АД Скопје на која се разговараше за безбедносните недостатоци со кои се соочуваат железничките станици, односно за обезбедување на патничките и товарните возови кои се цел на кражби.

На средбата се разговараше за повеќе практични аспекти во врска со подигнувањето на нивото на безбедност во железничкиот сообраќај, како патничкиот така и товарниот, при што министерот Спасовски потенцира дека МВР ќе излезе во пресрет на барањата на „Македонски железници“. Беше договорено Секторите за внатрешни работи Тетово, Охрид, Куманово и Скопје да изготват соодветни планови за мерки и активности по однос на обезбедувањето на железничките станици и на патниците во железничкиот сообраќај.