Полиција го обезбедува паркингот кај „Аутомакедонија“ каде ќе се гради барокна катна гаража

Полициска екипа утрово го обезбедува паркингот кај „Аутомакедонија“ во центарот на Скопје каде што од денес може да почне да се гради барокната катна гаража од проектот „Скопје 2014“.

Жителите од околните згради излегоа да чуваат стража за да не почне оградување на просторот, а градоначалникот на Општина Центар дојде да им ги каже следните чекори за спречување на градбата.

Во тек е средбата на градоначалникот со граѓаните, а полицајците засега нема потреба да интервенираат оти нема инцидент.

Од другата страна на паркингот пак, стои Никола Настески, сопственик на „Никофон“ кој го купи земјиштето за гаражата со своја екипа со инструменти за мерење. Настески добил судска пресуда дека тој е сопственик на парцелата откако „Паркинзи Општина Центар“ не му го отстапуваше земјиштето со објаснување дека имаат одлука за владение.