Расте и бројот на кражби по маркети, дуќани станови. А зачестени се и нападите во централното градско подрачје, посебно кај Клинички центар, Холидеј ин, црквата Свети Димитрија...

Ова го покажува извештајот за работата на полициската станица од општа надлежност „Центар“ што вчера го разгледуваа и усвоија советниците од општина Центар кои заедно со претставниците на полициската станица бараа решенија како да се зголеми безбедноста на граѓаните во Центар.

Побараа враќање на позорникарите, патролни полициски служби на велосипеди... Сите се согласни дека треба да се зголеми безбедноста на територијата на општина Центар во која живеат околу 46.000 граѓани, а дневната фрекфенција е од 250-300 илјади граѓани. Советниците побараат да се реагира и на бучавата од угостителските објекти, на која често се жалат жителите.

„Позорникарите ги договараме со МВР. Имаше оглас за 500 вработувања, имаше обуки, чекаме согласност од МВР и во договор со ПС Центар да видиме како и колку лица треба да бидат ангажирани и на кои места“, рече Саша Богдановиќ, градоначалник на Центар.

Од донација веќе се обезбедени и велосипеди за полицајците кои ќе патролираат низ Центар. Се договара и вработени во паркинзи да се користат како обезбедување, а се работи и на  осветлување на повеќе локации.