Полицаец од Скопје ја претепал својата невенчана сопруга

Во 21 часот и 10 минути на паркинг на булеварот „Јане Сандански“ во Скопје, 33-годишниот Н.Б. од Гевгелија, вработен во Министерството за внатрешни работи, во време кога не бил на работа, физички ја нападнал 23-годишната В.М. од Скопје, со која живеел во вонбрачна заедница.

Тој и нанел повреди во пределот на главата.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот. Веднаш е известен и  Одделот за внатрешна контрола при МВР, на Н.Б. му било одземено службеното оружје и поведена е постапка за утврдување на дисциплинска одговорност.