Покрената иницијатива за референдум за продолжување на породилното отсуство од 9 на 18 месеци

Граѓанската иницијатива „450 породилно (Пеленска револуција)“ почна со иницијатива за собирање 10.000 потписи за организирање на референдум за продолжување на породилното отсуство на 18 месеци.

„Иницијативата е за донесување на предлог-закон за изменување на Законот за работните односи, со цел да се зголеми времетраењето на остварување на правото на платено отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство од сегашни 9 (за едно дете) и 15 (за повеќе деца) на 18 месеци за сите мајки без разлика колку деца раѓаат“, појаснуваат од „450 породилно (Пеленска револуција)“.

Предлогот ги вклучува и мајките кои во моментов се на породилно отсуство.

Потписите ќе се собираат во период од 17 дена, од 20 септември до 07 октомври во канцелариите на ДИК во сите градови низ државата.