Покажете ја својата картичка и заштедете каде и да патувате

Додека АМСМ Партнер програмата за попусти ви овозможува да заштедите во над 200 внимателно избрани продажни места низ Македонија, Show your Card! или накратко SyC! програмата ви нуди ексклузивна можност за попусти, дополнителни бенефиции и заштеди во познати светски синџир-хотели, рент-а-кар агенции, туристички атракции и во над 25.000 продавници само во Европа.

Амстердам, Барселона, Берлин, Брисел, Букурешт, Будимпешта, Келн, Копенхаген... Франција, Германија, Холандија, Велика Британија, Италија, Финска...Не е важно каде патувате, како АМСМ членови ќе бидете препознаени и привилегирани во било кој поголем европски град, во било која европска држава.

Синџир-хотелите на „Best Western“ и „Starwood“, „Hertz“ рент-а-кар, култното „Hard Rock Cafѐ“, „Marchѐ“ рестораните… се само некои од глобалните брендови во кои доволно е да кажете дека сте АМСМ член за да добиете посебен третман и бенефиции. Покрај ова, со SyC! програмата добивате попусти и поволности во локални музеи, водени паркови, термални бањи и други туристички атракции. 

Потребно е само малку планирање пред секое патување, прегледување на SyC! локациите по држави и градови на АМСМ веб страницата и во бесплатната АМСМ мобилна апликација наменета за „паметни“ телефони и при секое патување било каде во Европа може навистина сериозно да заштедите.

Show your Card! Попустите, преку SyC! логото на членската картичка,  ви се достапни со сите АМСМ членски пакети наменети за физички лица: Classic, Europe Premium и Light.

Патувајте БЕЗГРИЖНО!

Комерцијален текст