Покахонтас е лик од  33-тиот анимиран филм на Дизни, со наслов: Патување во новиот свет. Многу мал број луѓе знаат дека цртаниот филм пренесува вистинска приказна за индијанската принцеза Покахонтас, која во 1609 г. го спасува животот на англискиот капетан Џон Смит.

Ова се убавите мисли од нашиот омилен цртан филм.

Ако одиш по стапките на еден непознат човек, ќе откриеш работи кои никогаш не си ни мислел дека ќе ги знаеш.

Понекогаш правилниот пат не е најлесен.

Мојот свет се смени, но се сменив и јас. Научив да избирам и да велам збогум.

Слушај со срцето, ќе разбереш.

Попрво би умрела утре, отколку да живеам 100 години не познавајќи те.

Водата постојано се менува, постојано тече. Но, претпоставувам дека луѓето не можат да живеат така.

Сите сме поврзани еден со друг, во круг кој не завршува.

Како што два орли стојат над реката со ветување за засекогаш, така и ние ќе го земеме минатото и ќе научиме како да почнеме од почеток.

Погледни околу себе! Види каде патот на омразата не донесе.

Збогум е лесен збор за да биде кажан, но пробај кажи го тоа на пријател.