Погледнете што може да ви се случи доколку не спиете цела недела

На еден човек дневно му се потребни седум до осум часа непрекинат сон за да биде целосно подготвен за претстојниот ден.

Меѓутоа, дали знаете што се случува ако не спиеме со денови? На ова прашање одговара порталот „Брајт-сајт“, опишувајќи за секој ден одделно – што се случува со нас и со нашиот организам ако не спиеме цела седмица.

Целодневна, 24-часовна будност предзвикува замор и слаба концентрација.

Втриот ден настапуваат проблемите со помнењето.

Третиот ден веќе имаме проблеми со говорот, како и неспособност за движење или каква било секојдневна активност.

Четвртиот ден, бессоницата се одразува и на нашата менталната состојба. Тоа се манифестира преку апатија и депресија.

Петтиот ден настапува фаза на бес поради огромната премореност.

Шестиот ден се појавува халуцинирање и бладање при говорот.

Последниот, седми ден следува т.н. „зомби-фаза”, односно целосна исклученост.