Спорт
17. May 2016 - 15:36

Погледнете какви „ѕверови“ возат газдите на Шкендија (ФОТО)

Гледачите на натпреварот меѓу Шкендија и Работнички не можеа да не подзастанат кога го забележаа возниот парк на газдите на Шкендија од Тетово. Овие „ѕверови“ беа паркирани под Источната трибина и ги мамеа погледите на минувачите.

„Линколн“, кој вреди околу 65.000 долари со полна опрема, „мерцедеси“ од 100.000, GMC кои чинат околу 50.000 долари се само дел од возилата што позираа пред „Филип Втори“.

Фото: Македонски спорт