Погледнете како изгледаат денес актерите од култната серија „Втората смена“ (видео)

Поминаа точно 30 години од емитувањето на серијата „Втората сменa, која се емитуваше на Македонската телевизија во 1988 година. Се сеќаваме на времињата кога се снимаше и емитуваше ТВ Серијата работена според текстот на истоимената книга на Велко Неделковски.


Улогите ги толкуваат: 

Деца: Николче - Мартин Трпчевски, Симона - Катарина Ангелковска; Коце - Виктор Дојчиновски; Маргарита - Наталија Куновска; Бранко - Павел Максимовски; Горде - Виолета Таневска; Бане - Андреј Киселички; Ване - Симон Киселички; Цобе - Венцислав Ристовски; Тошо Мегафон - Марко Петрушевски; Спирко - Сашо Софрониовски; Филип- Дамјан Поповски;
Возрасни: воспитувачката - Марија Кондовска; управителот - Александар Чамински; Марија, бабата на Николче - Милица Стојанова; Љупка, мајката на Николче - Катина Иванова; Никола, таткото на Николче - Кирил Ристески; Коле, дедото на Николче - Јосиф Јосифоски; рибарот - Живко Пешевски; берберот: Илија Струмениковски; продавачката - Виолета Анѓушева.