Погледнете како изгледа новиот објект на болницата "Филип Втори" (фото)

Во 2013 година почна со градба новата зграда на болницата "Филип Втори" во Скопје. Зградата ги има сите перформанси на модерна болница од светски ранг.  Уникатноста на градбата се воочува преку несекојдневниот спој на естетски обликуваната фасада која на централниот влез го поврзува македонското културно наследство со високата технологија на 21 век.

Сперед организациониот план новата болница „Филип Втори“ од 1 март ќе биде отворена.

Болницата е изведена со 4 пристапи за комотна циркулација на сите кои влегуваат и излегуваат од неа. Преку главен влез, влез за лица со посебни потреби кој воедно е организиран и како влез на итни болни и директен пристап кон итната служба, службен влез и помошен страничен влез.

Изграден е од армирано-бетонска конструкција затворена со фасада која има карактеристики на висока енергетска ефикасност и коефициент на пропустливост од 0.6. Фасадата е комплетна стаклена со плански изведена изолација за задршка на топлината и одржување на константна температура во објектот. Овој избор на фасадно решение обезбедува максимална дневна светлина. Посебно внимание е посветено на светлината и амбиенталноста на секој простор согласно намената на истиот, преку транспарентни и нетранспарентни делови на фасадата.

Системите кои се вградени во објектот се во насока на висока енергетска ефикасност, максимална безбедност и функционалност.

Преку нив објектот има најниска емисија на CO2, создаден  да ги  задоволи највисоките стандарди во градењето, работењето и одржувањето. За две години од карабина се изгради новиот објект според највисоките светски стандарди и норми за ЕКО – болничка зграда, т.н ЗЕЛЕНА ЗГРАДА. Објектот е од затворен тип, со комплетно регулирана средина, строго управувани режими на греење и ладење и довод на свеж воздух, се со цел за максимална комфорност на пациентите, вработените и посетителите.