Зградата Адора Flatiron во централната зона на Скопје забрзано се довршува со уредување на ентериерот.
На местото на старата сапунара „Цветан Димов“, е изграден нов објект, којшто визуелно комплетно наликува на градбата „Флетајрон“ изградена во Њујорк во 1902 година.
Новиот луксузен објект е висок од 45 до 50 метри и има 16 ката (мезанин + 14 ката).
Погледнете го новиот препознатлив симбол на македонската метропола снимен деновиве од висина.