Подобро несреќни во брак, отколку сами и „шворц“?!

Истражувањата покажале дека младите луѓе попрво би останале во лоша врска без љубов поради една причина.

Истражувањето спроведено на илјада луѓе во Португалија покажало зошто некои луѓе остануваат во љубовни врски во кои се несреќни или без оглед на тоа што повеќе не ги сакаат своите партнери.

Доброволците се поделиле во три групи и им рекле да се замислат во една деценија долг брак без љубов. Дали ќе останат заедно или ќе се разведат? Добиле и сценарија за тоа како изгледаат тие фиктивни бракови, каква е материјалната состојба, емотивната состојба...

Еве што одлучиле:

- Во првата група сите се изјасниле дека не би биле во брак без љубов подолго од една година.

- Во втората група рекле дека би останале во бракот поради заедничкиот имот и финансии.

- Во третата група би се потрудиле да го спасат бракот иако во него нема љубов, би дале се' од себе.

Авторите на ова истражување велат дека резултатите покажуваат дека поединци би останале во лоша врска само за нивниот труд или пари кои ги вложиле во таа врска да не бидат залудно потрошени.

Излегува дека материјалните работи кај една третина од луѓето се поважни од љубовта и среќата.