Поднесени над 1.300 барања за субвенција за велосипед

Од објавувањето на јавниот повик до денеска на шалтерите на Град Скопје се поднесени повеќе од 1300 барања за субвенција за купување велосипед.

Град Скопје ги повикува сите заинтересирани да набават нови велосипеди и да достават барање за надоместок на дел од трошците во согласност со утврдените правила и финансиските средства определени за реализација на оваа градска активност.

Град Скопје информира дека ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед од 13 мај, со објавувањето на јавен повик во дневните весници и на градската веб-страница, сèдо исцрпување на буџетот наменет за таа намена, но не подоцна од 31 декември.

Јавниот повик ќе биде реализиран по принципот „прв дојден прв услужен“.

Средствата што ќе ги надоместува Град Скопје се во износ од 50 отсто од цената на велосипедот, но не повеќе од 4.000 денари, нето износ, по лице.

За времетраењето на повикот, најмалку двапати ќе има повторно известување на јавноста преку електронските медиуми.