Подготвивме 471 проекти за сите населени места во општина Гази Баба, вели Трајковски

За општина Гази Баба подготвивме 471 проекти кои се однесуваат на сите населени места во општината, а направени се во комуникација со граѓаните и она што ним им е приоритетно, истакна во отворено студио на Телевизија Нова, актулениот и кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Тони Трајковски.

-Ќе се работи на тоа индустриската зона од општина Гази Баба постепено да се префрлува на периферијата, за да се намали загадувањето на воздухот. Екологијата ни е врвен приоритет, подобрување на условите од аспект на комунална и патна инфраструктура.

Исто така, додаде Трајковски, како што во минатото беше, така и во иднина најважни ни се најмладите, односно згрижување во градинки и подобрување на условите во основните училишта.