Подгответе се за уште продолжени викенди до крајот на годината

До крајот на годината за сите граѓани на Репунлика Македонија остануваат уште неколку празници од кои некои се паѓаат во понеделник или петок и тоа значи продолжен викенд.

За сите граѓани на Република Македонија 

8 Септември (петок), Ден на независноста

11 Октомври (среда), Ден на народното востание

23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”

За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (среда), Празникот на сите светци

25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик

Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.