Подгответе се за тропски денови!

Денес е вторник, 20 јуни 2017 година, 171-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 04:53, а ќе зајде во 20:14 часот. Денот ќе трае 15 часа и 21 минути. 

Во утринските часови во Македонија имаме претежно сончево и свежо време. Во централните предели имаме појава на облачност која што во наредните часови ќе се намалува. 

МАКЕДОНИЈА – Во Македонија денес ќе биде претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло. Попладне во североисточните и источните предели постојат услови за развој на нестабилност која што може да услови и врнежи од дожд и грмотевици. Ветерот ќе го намали својот интензитет и ќе дува доумерен слаб североисточен и северозападен ветер кој ќе достигне брзина и до 15 км/ч. Минималните температури од 6 до 16 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат до 21 односно до 32 степени. УВ индексот ќе има вредност 7. 

СКОПЈЕ - Во Скопје денес претежно сончево време со појава на локална облачност и потопло време. Ќе дува доумерен северозападен ветер. Минималната температура од 14 степени, додека пак максималната дневна до 30 степени. УВ индекс 7. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА - Во среда во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со температури кои што ќе го продолжат својот тренд на пораст. Утринските од 7 до 17 степени, додека пак максималните дневни од 23 до 34 степени. Во четврток претежно сончево со појава на локална облачност и топло време со дневни температури од 25 до 36 степени. Во попладневните часови во североисточните како и во северозападните и западните предели со услови за локални врнежи од дожд. Во петок и сабота во Македонија ќе биде сончево и многу топло време со температури кои што ќе бидат над просекот за овој период од годината. Минималните температури од 10 до 20 односно од 11 до 21 степени, додека пак максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 26 до 37 степени. 

Weather4all.com.mk