Ако не послужи времето, претстојниот викенд може да биде идеален за некое  пократко патување. 23 октомври, понеделник е неработен ден што значи дека заедно со викендот, ќе може да се поврзат 3 дена.

Тоа ќе биде претпоследниот продолжен викенд оваа година, со оглед на тоа дека неработен е и 8 декември, петок, кога се празнува „Св. Климент Охридски“

Ова се неработните денови до крајот на годината.

За сите граѓани на РМ

23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски” 

 За граѓаните од католичка вероисповед

1 Ноември (среда), Празникот на сите светци

25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик