Подгответе се за најголемиот метеорски дожд

Месец август секоја година се поврзува со една посебна астрономска појава позната како метеорски дожд.

Метеорскиот дожд кој редовно „паѓа“ на Земјата помеѓу 23-ти јули и 20-ти август потекнува од кометата Свифт – Татл, која прави круг околу Сончевиот систем за 130 години оставајќи зад себе облак од метеори познат како Персеиди.

Согласно изјавите на астрономите, кулминација на овој метеорски дожд ќе се случи помеѓу 12-ти и 13-ти август, но неговото набљудување ќе биде отежнато од светлината на Месечината, која токму во тој период таа ќе се наоѓа на пола пат од полумесечина до полна месечина.

Токму затоа најдобро време за набљудување на оваа појава ќе биде периодот непосредно пред изгревањето на Сонцето.

Персеидите се познати и под името „Солзи на светецот Лоренцо“, затоа што достигнуваат најголем интензитет во периодот кога се одбележува денот на овој католички светец (10-ти август).Месец август секоја година се поврзува со една посебна астрономска појава позната како метеорски дожд.

Метеорскиот дожд кој редовно „паѓа“ на Земјата помеѓу 23-ти јули и 20-ти август потекнува од кометата Свифт – Татл, која прави круг околу Сончевиот систем за 130 години оставајќи зад себе облак од метеори познат како Персеиди.

Согласно изјавите на астрономите, кулминација на овој метеорски дожд ќе се случи помеѓу 12-ти и 13-ти август, но неговото набљудување ќе биде отежнато од светлината на Месечината, која токму во тој период таа ќе се наоѓа на пола пат од полумесечина до полна месечина.

Токму затоа најдобро време за набљудување на оваа појава ќе биде периодот непосредно пред изгревањето на Сонцето.

Персеидите се познати и под името „Солзи на светецот Лоренцо“, затоа што достигнуваат најголем интензитет во периодот кога се одбележува денот на овој католички светец (10-ти август).