Подгответе се: Утре доаѓа снежна бура во Македонија

Викендот пред нас планирајте го за активности на снег. Но повеќе низ пониските места, бидејќи времето на планините нема да биде сосема наклонето за оние кои одат таму да „уживаат“, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Се очекува врнежите во сабота наутро да бидат од дожд низ пониските места, а од снег на планините. 

Но веќе од доцна претпладне во северните делови од земјата врнежите ќе преминат во снежни, а попладне тоа ќе се случи низ целата земја. Снегот ќе биде локално поинтензивен попладне, затоа внимавајте доколку планрате патување.

Снежната покривка на планините во северниот и јужниот регион би требало да се зголеми за околу 60 сантиметри со нов снег, но заради ветерот очекувани се и поголеми сненжни наноси, особено околу Кожуф. 

На пониските места се очекува покривка околу 15 - 20  сантиметри.

В недела сеуште ќе биде облачно, претпладне со слаб до умерен снег, додека попладне врнежите ќе бидат значително ослабнати, а делумно и престанати.

Сабота ќе биде потопла наутро. Температурата ќе биде во постојан тренд на опаѓање. Максималната вредност во северните предели ќе биде околу 4°С, а во јужните околу 6°С

Недела постудена. Дневниот максимум нема да надмине 0°С во северните и западните делови, а само малку над 0°С, околу 1°С, се очекува на југоисток.

Метеоалармот издаде пердупредување од жолта фаза во јанголемиот дел од Македонија и портокалова во Полошкиот регион за сабота.