Под закана со нож ограбени вработени во скопска кафеана

На 10 декември околу 6.45 часот било пријавено дека во Скопје на ул."Анастас Митрев", во близина на транспортниот центар две непознати лица извршиле разбојништво над А.М. (29) и уште две лица, сите вработени во угостителски објект.

Разбојниците со закана со нож им одзеле сума од околу 156.000 денари, пари од дневен промет и два мобилни телефони.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од полицијата.